Дизајнот на DAF CF Euro 6. Цврст, елегантен и функционален. Оптималната аеродинамика обезбедува идеално воздушно струење и оттука ниска потрошувачка на гориво.
Надворешен дизајн
При развојот на CF, очигледно беше дека DAF е инспириран од квалитетите на мошне успешниот Euro 6 XF. Ова е илустрирано со атрактивниот надворешен дизајн. Истакнатата и добро интегрирана горна и долна решетка создаваат маркантен изглед, кој е надополнет со централно поставениот хромиран панел со лого на ДАФ.
Надворешни светла
Прва во камионската индустрија е опционалната LED технологија за фарови. Со најголем зрак на светлина, максимален век на траење и минимална потрошувачка на енергија.
Аеродинамика
При дизајнирањето на новиот CF, DAF обрна големо внимание на оптимизирањето на протокот на воздух. Новодизајнираниот браник од галванизиран челик со интегрирани водилки за воздух придонесува за подобро ладење на моторот и најниска можна потрошувачка на гориво. Калниците, кабинските и странични спојлери, исто така се редизајнирани со цел да се оптимизира аеродинамиката и да се намали собирањето на нечистотија.