Исто така потполно ново на DAF LF Euro 6 е: шасијата. Лесна и цврста за највисок корисен товар и супериорно ракување. Со нови осовини и единствена Stabilink суспензија на задната осовина за уште постабилено ракување и помала рабна тежина.
Лесна и цврста
Најзначајна иновација е тоа што шасијата е со конструкција од еден ѕид, кој ја задржува рабната тежина на најниско можно ниво – високо квалитетен челик се користи за максимална сила.
За можност на утовар на екстра товар, 18 и 19-тонските модели можат да бидат опремени со нова 13-тонска задна осовина, што е важно во земјите каде што е дозволено товарите да надминуваат 11,5 тони на погонска осовина.
Практично позиционирани компоненти
Компонентите како што се резервоарите за воздух и електронската контрола на сопирачките се практично поставени во внатрешноста на шасијата, создавајќи многу слободен простор за монтажа на кутии за алати, потпирачи за нозе и резервно тркало.
Лесен за надградување
Важно за еден камион од гамата на DAF LF е стилот на каросерија погоден за нејзино надградување. Од таа причина шасијата на LF е целосно рамна. Практични монтажни потпирачи се достапни како опција.
Широк спектар на конфигурации на шасијата
DAF го нуди новиот LF Euro 6 во разни класи на тежина. Крутите верзии со 17,5 инчни тркала нудат бруто тежина на возилото од 7,5 до 12 тони со нето капацитети на утовар кои се движат од 4.180 до 8.300 килограми.
Кога е опремен со 19,5 инчни тркала, 14 и 16-тонските крути верзии нудат нето корисна носивост од 9.570 до 11.570 килограми. Покрај тоа, DAF исто така нуди 14 и 16-тонски влекачи на новиот LF со 19,5 инчни тркала за максимална комбинацијата на бруто тежина од 24 до 28 тони.
На врвот на LF програмата се 18 и 19-тонските крути модели со 22,5 инчни тркала и бруто комбинација на тежина од 26 до 32 тони.
Меѓуоскини растојанија
Со цел да се обезбеди DAF LF да биде прилагодлив за секоја примена, може да се избере од широкиот спектар на меѓуоскини растојанија. Верзиите со бруто тежина на возило помеѓу 7,5 и 12 тони се достапни со осум меѓуоскини растојанија кои се движат од 3,00 до 5,40 метри. За класа на 14-16 тони достапни се варијанти со девет меѓуоскини растојанија, кои се движат од 3,25 до 6,30 метри. За 18 и 19 тонските модели, може да се избира помеѓу осум различни меѓуоскини растојанија, и тоа помеѓу 3,45 и 6,25 метри. Верзијата на влекачот за најтешкиот LF има меѓуоскино растојание од 3,13 метри или 3,50 метри.