Шасија

Шасијата е потполно ново развиена. Таа нуди висока носивост преку ниска неоптоварена тежина. Високата крутост обезбедува одлични карактеристики за возење. Компонентите се умно поставени со цел да се постигне највисока ефикасност. Совршена основа за надградба.

Потполно нова рамка на шасијата на новиот XF

Предниот дел на шасијата овозможува простор за дополнително широко ладење на моторот. Цврстата предна заштитна греда оздола исто така го штити радијаторот. Крутиот и цврст преден дел на шасијата обезбедува прецизни карактеристики на управувачот.

Новата Stabilink суспензија на задната оска не само што ја намалува максималната тежина, но, исто така, придонесува за подобрување на карактеристиките на управувањето. Оските, осовинската суспензија и управувачот се сосема ново дизајнирани за да се намали максималната рабна тежина и да се подобрат перформансите.

Потполно нов распоред на шасијата

Клучната цел на DAF беше создавање на колку што е можно поголем простор на шасијата. И покрај присуството на EAS системот (Систем за третман на издувни гасови), SCR каталитичкиот конвертор и филтерот за гареж за чистење на издувните гасови, целта беше да се реализираат резервоари за гориво со вкупен волумен од 1500 литри на меѓуоскино растојание од 3,80 метри и/или доволно простор за монтажа на пумпни единици, хидраулични резервоари и палети. За да се постигне ова, батериите се позиционирани во задниот дел на шасијата, а стандардниот 90 литарски AdBlue резервоар (резервоар од 140 литри како опција) сега е позициониран под кабината. За оптимална леснотија на користење, полнењето може да се извршува директно од задниот дел на кабината.