DAF CF серијата е на располагање со практична дневна кабина, пространа кабината за спиење и ултра-пространа Space Cab кабина, нудејќи неспоредлива висина од 223 сантиметри. Со уште поголем комфор, безбедност и удобност.
Возење
Кабината на новиот CF нуди идеална работна средина. Со уште поголема удобност, безбедност и леснотија на управување. Оптимална достапност, одлична положба на седење и ергономска позиција на контролите, сето тоа придонесува за највисок комфор при возење, како и клима-контролен систем со оптимална циркулација на воздухот.
DPA (Driver Performance Assistant - Асистент на ефикасноста на возачот) на DAF му помага на возачот да вози колку што е можно поекономично. Централниот дисплеј во боја дава информации за потрошувачката на гориво, однесувањето при сопирање, предвидувањето на сообраќајни ситуации и го покажува оптималниот момент за менување на вртежниот пренос со менувачот. DPA го мотивира возачот да го добие најдоброто од CF со минимален напор.
Живеење
CF серијата на DAF е на располагање со дневна кабина, кабина за спиење и екстра пространа Space кабина. Со вкупен волумен од 11 m3 CF Space кабината ја има најпространата кабина во својата класа која со внатрешна висина од 2,23 метри е неспоредлива во овој сегмент.
Спиење
DAF отсекогаш бил еден од лидерите во удобност при спиење. Новиот CF има паметен распоред на просторот за спиење со голем едноделен душек за добар ноќен одмор.