Надворешен дизајн

Со својата моќна и елегантна појава, новиот XF го мами секој транспортер. Импресивна предна страна, карактеристична црна маска и атрактивни стилски елементи: несомнено најдобриот XF.

Дизајниран за да биде функционален

Кога го создаваше новиот XF, DAF продолжи да го надградува веќе обожуваниот кабински концепт, кој што сега е реновиран добивајќи уште поголема пространост и практичен  комфор.

  • Целосно редизајнираната прeдница, заедно со новите калници, кабински и странични спојлери – обезбедува многу модерна појава.
  • Максимално внимание е посветено на аеродинамичноста и оптимизирањето на протокот на воздух.
  • Новите предни фарови со LED технологија како опција се први во камионската индустрија. Нудат најголем светлосен зрак, максимален век на траење и минимална потрошувачка на енергија.

Надворешни светла

Новите предни фарови доаѓаат со Н7 халогенско осветлување со интегрирани 4 LED дневни светла како стандардна опрема. За прв пат во камионската индустрија LED технологијата е достапна и за фаровите (како опција). LED светилките обезбедуваат најголем светлосен зрак, максимален век на траење и минимална потрошувачка на енергија. Како дополнителна опрема достапни се бришачи за светла прекрасно интегрирани во светлосните единици.

Оптимален проток на воздух

Горниот спојлер како  и страничните спојлери на кабината можат да ја намалат потрошувачката на гориво и емисијата на СО2  гасови за 10 проценти.  Тие се ново развиени и внимателно приспособени кон поголемата широчина на возилото која сега изнесува 2.55 метри.
Истото важи и за аеродинамичните калници со вградени индикаторни светла, јасно видливи за пешаците и велосипедистите обезбедувајќи дополнителна безбедност.