Новиот LF е транспортно возило за секој транспортен оператор. Тој го дели својот стилски изглед со новите CF и XF.
Атрактивен дизајн: цврст, но и пријателски
Особено важен за еден камион кој работи во градски подрачја е пријателскиот изглед. Но, дизајнот на камионот за дистрибуција мора да биде и цврст. Дизајнерскиот тим на DAF успешно ги комбинира и двете. Надворешноста на LF сепак нуди повеќе отколку само одличен изглед. Таа придонесува за ефикасноста, продолжени сервисни интервали, удобност и безбедност.
Три компактни варијанти на кабини
Новата DAF LF серија е достапна со три варијанти на кабини:
- дневна кабина со должина од 160 cm
- проширена дневна кабина со должина од 200 cm
- еднокреветна кабина за спиење со вкупна должина од 200 cm
Кабините имаат компактна ширина од 2130 mm, што допринесува за способноста за маневрирање при дистрибуција во урбана средина, особено во комбинација со малиот радиус на вртење (агол на тркалото 50-53°, во зависност од варијантата на кабината).
Во зависност од моделот и спецификацијата на земјата, кабината е поставена на шасија со флексибилно гумени V-држачи на предната и со спирални пружини со интегрирани амортизери во задниот дел или со спирални пружини на сите четири точки. Спиралните пружини се стандардни за верзиите со кабина за спиење, како и за 18-тонската варијанта и за разни модели на влекачи.