Возна линија

Новиот XF  е опремен со PACCAR MX-13 и MX-11 мотори, развиени за максимална ефикасност, високи перформанси и ниски оперативни трошоци.

PACCAR MX-13 Euro 6 мотор

Задоволувањето на Euro 6 стандардите за емисија на издувни гасови беше само еден од двигателите при развојот на PACCAR MX-13 моторот. Се разбира, сакавме истиот да биде крајно сигурен и издржлив. Истиот, исто така треба да има економична потрошувачка на гориво на ниво на поволниот Euro 5 ATe и да има највисоки возни способности во однос на вртежниот момент. PACCAR MX-13 е мешавина на веќе докажаната напредна State of the art технологија и смарт техничките иновации. Истиот е на располагање во верзии од 303 kW/410 КС, 340 kW/460 КС и 375 kW/510 КС, со висок вртежен момент од 2000, 2300 и 2500 Nm респективно. Максималниот вртежен момент се постигнува помеѓу 1000 и 1425 rpm. Сета оваа моќ оди во нашите нови менувачи. AS Tronic автоматскиот менувач има уникатни карактеристики, вклучувајќи EcoRoll (движење на камионот надолу со лер мотор) и FastShift (повлекување без спојка помеѓу 11-ти и 12-ти степен на пренос) за понатамошно подобрување на ефикасноста на горивото. Најновата генерација на Intarder 3 има поголема моќност на помали брзини.

 

Тип на мотор Перформанси Вртежен момент
MX-13 303 303 kW/412 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,000 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)
MX-13 340 340 kW/460 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,300 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)
MX-13 375 375 kW/510 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,500 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)

EAS (Exhaust gas After treatment System – Систем за третман на издувни гасови)

ЗЗа да се исполнат строгите барања од Еuro 6 за емисијата на издувни гасови, а и да се обезбеди највисока ефикасност на горивото, DAF ги комбинира своите напредни PACCAR Euro 6 мотори со различни технологии за третман на издувните гасови: SCR каталитичкиот конвертор и филтерот за честички на дизел гориво.

Нови менувачи

DAF-New-Euro-6-XF-06-A-AS-tronic-ATC-airco-Radio-2

Новиот XF се испорачува со рачен директен менувач со дванаесет брзини како стандардна опрема, а  за тешки апликации достапен е менувач со шеснаесет брзини. Рачните менувачи доаѓаат со „Servoshift“ како стандард за помош при менување на брзини за да се зголеми удобноста и да се намали напорот при менувањето и краткиот òд на промена. За да се намалат оперативните трошоци, се користат јаглеродни синхро-прстени за да се зголеми  животниот век на менувачите. За да се ​​зголеми леснотијата на користењето, движењето на педалата на спојката е намалена од 154 на135 mm.
Новиот AS-Tronic автоматски менувач се карактеризира со голем број на нови DAF-специфични функционалности. Новоразвиениот софтвер и новите сензори значат дека дејството на спојката е многу попостепено и дури и мазно, давајќи подобри перформанси при паркирање и маневрирање.
Благодарение на EcoRoll, при мал наклон на квачилото се овозможува контролирано движење кога моторот е во празен òд. Брзото менување на брзините, исто така, придонесува за ниска потрошувачка на гориво.

Нови задни осовини

DAF-xf-sc-stabilink-2012715

Новата, цврста SR1344 задна осовина, исто така е воведена кај новиот XF. Истата е целосно оптимизирана за оптеретување и е специјално развиена за употреба со Stabilink конструкцијата. Карактеристика на новата осовина е ниското ниво на бучава. Долното ниво на масло (10 наместо 15 литри) значи заштеда на гориво и пониски трошоци за нафта при промени во рамките на меѓународен транспорт.

SR1344 осовината има носивост од 13 тони и се монтира како стандард за комбинација на тежини до 44 тони и вртежни моменти на моторот до 2300 Nm.

Со цел целосно да се прилагоди задната осовина за специфичните апликации, конечната редукција е достапна од 2,38:1. SR1344 осовината користи нов дизајн на наклонето крило и крунско тркало заштедувајќи 50 килограми во тежина.

Кај комбинација на големи тежини (повеќе од 44 тони ) и возила со мотор од 375 kW/510 КС, модернизираната SR1347 осовина има пониско ниво на масло, што значи поволна потрошувачка на гориво и што е можно повеќе пониски оперативни трошоци.