Ентериер

Ентериерот на кабината е кралството на возачот. Никој не го знае ова подобро од DAF. Следејќи ја долгата традиција, со лансирањето на новиот XF ви претставуваме и едно ново ниво на комфор за возачот. Со 12,6 кубни метри волумен, возачот на DAF XF Super Space Cab ја добива на располагање најголемата кабина за да работи и живее во истата.

Возачите го заслужуваат најдоброто

Кога создавате камион кој ќе треба да се вози во иднина, мора и да размислувате за таа иднина. Така, ние започнавме размислувајќи за идните потреби на возачите. Обезбедивме повеќе комфор и поголема безбедност.
Целосно го променивме концептот кој ја подразбираше кабината како работно место на возачот. Во денешно време, доколку сите можат да работат од сопствените дневни соби, зарем не би требало и возачите да го имаат тоа право? Ова можеби звучи чудно, но тоа е токму тоа што ние го направивме. Го променивме работниот простор на возачот во негова дневна соба.

Живеење

Новиот XF нуди изобилство простор. Работниот и животен простор од 12.6 м3 и стоечка висина од 2.25 м во Super Space Cab се недостижни. Доколку вашата опрема не ја собира во кабината на DAF тогаш едноставно, носите многу опрема. XF Super Space Cab има повеќе од 1000 литри простор за складирање практично распределен во различни зони.

Спиење како дома или уште подобро

DAF знае дека одморен возач е побезбеден возач. Токму затоа DAF креветот бил секогаш меѓу најдобрите. А сега, го направивме уште подобар. Сега е долг 2.20 м со 16 см дебелина на душекот со скоро 900 неруѓосувачки челични пружини и три комфорни зони. Во средината е 80 см широк , позади столовите е 70 см широк. Ова гарантира совршен одмор.