Возна линија

DAF CF серијата е на располагање со практична дневна кабина, пространа кабината за спиење и ултра-пространа Space Cab кабина, нудејќи неспоредлива висина од 223 сантиметри. Со уште поголем комфор, безбедност и удобност.

PACCAR MX-13 мотор

За најсложените апликации, CF може да биде опремен со 12,9 литарски PACCAR MX-13 Euro 6 мотор. Со моќност од 300 kW/410 КС, 340 kW/460 КС, па дури и 375 kW/510 КС и економија на горивото која е на исто ниво како ултра-ефикасните Euro 5 ATe мотори на ДАФ.
PACCAR MX-13 моторот е робустен шест-цилиндричен мотор, кој се карактеризира со високи перформанси и максимални достигнувања. Истиот е дизајниран да трае до 1.600.000 километри и со сервисни интервали до 150.000 километри. Во меѓународниот транспорт, тоа се сведува на само еден сервис годишно.

Тип на мотор Перформанси Вртежен момент
MX-13 303 303 kW/412 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,000 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)
MX-13 340 340 kW/460 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,300 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)
MX-13 375 375 kW/510 КС
(1,425 – 1,750 вртежи во минута)
2,500 Nm
(1,000 – 1,425 вртежи во минута)

PACCAR MX-11 мотор

Во развојот на новиот 10,8 литарски PACCAR MX мотор, главен фокус беа високите перформанси, малата тежина и ниската потрошувачка на гориво. Секако, заедно со сигурноста и сервисното времетраење, како и оптималната достапност. PACCAR MX-11 моторот е на располагање со излезна моќност од 210 kW/290 КС до 320 kW/440 КС и е идеален за примена во сегментот на дистрибуција и за тешки апликации, каде што малата тежина и најниската потрошувачка на гориво се од најголема важност.

Тип на мотор Перформанси Вртежен момент
MX-11 210 210 kW/290 КС
(1,700 вртежи во минута)
1,200 Nm
(1,000 – 1,700 вртежи во минута)
MX-11 240 240 kW/330 КС
(1,650 вртежи во минута)
1,400 Nm
(1,000 – 1,650 вртежи во минута)
MX-11 271 271 kW/370 КС
(1,650 вртежи во минута)
1,600 Nm
(1,000 – 1,650 вртежи во минута)
MX-11 291 291 kW/400 КС
(1,450 – 1,700 вртежи во минута)
1,900 Nm
(1,000 – 1,450 вртежи во минута)
MX-11 320 320 kW/440 КС
(1,450 – 1,700 вртежи во минута)
2,100 Nm
(1,000 – 1,450 вртежи во минута)

PACCAR PX-7 мотор

Особено погоден за дистрибуција, новиот PACCAR PX-7 мотор ќе биде достапен кај CF, од почетокот на 2014 година. Новиот 6,7 литарски PACCAR PX мотор е компактен шест-цилиндричен мотор, кој исто така ја користи напредната common rail технологија (притисоци за вбризгување до 1800 bar), турбо променливата геометрија и системот за ефикасен третман на издувни гасови.

Тип на мотор Перформанси Вртежен момент
PX-7 164 164 kW/220 КС
(1,800 – 2,300 вртежи во минута)
850 Nm
(1,100 – 1,800 вртежи во минута)
PX-7 186 186 kW/250 КС
(1,800 – 2,300 вртежи во минута)
950 Nm
(1,100 – 1,800 вртежи во минута)
PX-7 208 208 kW/280 КС
(2,000 – 2,300 вртежи во минута)
1.020 Nm
(1,200 – 2,000 вртежи во минута)
PX-7 231 231 kW/310 КС
(2,000 – 2,300 вртежи во минута)
1.100 Nm
(1,200 – 2,000 вртежи во минута)

EAS (Exhaust gas After treatment System – Систем за третман на издувни гасови)

За да се исполнат строгите барања на Еуро 6 за емисијата на издувни гасови, а и да се обезбеди највисока ефикасност на горивото, ДАФ ги комбинира своите напредни PACCAR Euro 6 мотори со различни технологии за третман на издувните гасови: SCR каталитичкиот конвертор и филтерот за честички на дизел гориво.

Трансмисии

DAF-New-Euro-6-CF-06-A-AS-tronic-ATC-airco-Radio-2

Новиот Euro 6 CF доаѓа со 5, 6, 9 или 12-брзински мануелен менувач како стандард, во зависност од моделот. 16-брзински мануелен менувач е достапен како опција, која, исто така, важи и за AS Tronic автоматскиот менувач со 6, 12 и 16 брзини.
AS Tronic менувачот со 12 и 16 брзини се карактеризира со голем број на специфични функции уникатни за ДАФ, како што се EcoRoll (кој овозможува контролирано надолно возење на спојката со исклучување, со максимална употреба на природен моментум) и Fast Shift за побрзо префрлување помеѓу горните брзини за максимална ефикасност.
Новоразвиенот софтвер и новите сензори овозможуваат дејството на спојката да е постепена и исклучително мазна, што резултира со одлични карактеристики при забрзување и маневрирање.

Полесна задна осовина

Нова, полесна задна осовина е достапна на Еуро 6 CF за комбинирање на тежини до 44 тони и вртежни моменти на моторот до 2300 Nm. Употребата на Stabilink конструкцијата е уште една нова карактеристика. Со интегрирање на анти-тркалечка стабилизаторска функција во суспензијата на задна осовина се создава оптимална цврстина и стабилност и се обезбедува значителна заштеда на тежина.

workhouse