Новата LF Euro 6 серија застапува целосен спектар на камиони за ефикасен транспорт и дистрибуција. Нивниот развој е целосно насочен кон испорака на максимална ефикасност за операторот и највисока леснотија на користење за возачот. Како резултат на тоа, новиот LF Euro 6 поставува нови стандарди во однос на корисен товар, ефикасност во снабдувањето со горивото и подолг период за користење. Истовремено, исто така и неговата практичност е неспоредлива.
Создаден да испорачува
Новиот LF Euro 6 е добро осмислен во секој детаљ. Тој е целосно оспособен за работа во транспорт и дистрибуција. За секоја задача во дистрибуција во класа од 7,5 до 19 тони постои наменско LF решение. Без разлика на вашиот избор, тој нуди водечки корисен товар во својата класа како резултат на ниските рабни тежини. Тоа ја поддржува ефикасноста, како и спектарот на современите четири и шест цилиндрични PACCAR мотори со излезни моќности од 112 kW/150 КС до 231 kW/310 КС. Моќен, сигурен, ефикасно снабдување со гориво, чист. Сервисните интервали до 60.000 километри го зголемуваат периодот на користење.
Новиот дизајн му дава на новиот LF Euro 6 одличен изглед. Комплетно новиот ентериер со нова инструмент табла со интегриран DPA (Driver Performance Assistant или Асистент на ефикасноста на возачот) претставува најдобра работна средина за возачот. Новата шасија е целосно рамна и погодна за нејзино надградување.
Без разлика дали ќе се одлучите за крута конструкција или влекач и без разлика дали ќе се одлучите за дневна кабина, продолжена кабина или кабина за спиење - секогаш постои совршен LF за вашите потреби за дистрибуција.