DAF LF Euro 6 доаѓа со нови четири или шест-цилиндрични PACCAR PX мотори со широк избор на моќност, менувачи и сразмерна задна осовина, така што за секоја примена може да се специфицира адекватна возна линија. Овие нови Euro 6 возни линии гарантираат оптимална комбинација на моќ и ефикасност. Новина се рачниот девет-брзински менувач и новата SR1339 задна осовина за потешки апликации.
PACCAR PX-5 мотор
Сосема нов 4,5 литарскиот четири-цилиндричен PACCAR PX-5 мотор е идеална погонска единица за внатрешна градска дистрибуција. Тој е достапен во три варијанти, од 112 kW/150 КС до 157 kW/210 КС. Тој нуди Euro 6 технологија со најниски емисии. И, се разбира, ниска потрошувачка на гориво, што секако се очекува од DAF.
PACCAR PX-5 моторите се чисти и економични, а покрај тоа, се и многу сигурни. PX-5 моторот може да оди до 60.000 милји помеѓу сервисните интервали. На активниот филтер за честички му треба чистење по дури 320.000 km или 5 години. Разните моторни функции и компоненти се групирани во еден модул. Ова, исто така овозможува трошоците за одржување да бидат ниски, што е добро за вашиот поврат на средства.
Тип на мотор | Перформанси | Вртежен момент |
---|---|---|
PX-5 112 | 112 kW/150 КС (1,800-2,300 вртежи во минута) |
580 Nm (1,100-1,800 вртежи во минута) |
PX-5 135 | 135 kW/180 КС (1,800-2,300 вртежи во минута) |
700 Nm (1,200-1,800 вртежи во минута) |
PX-5 157 | 157 kW/210 КС (2,000-2,400 вртежи во минута) |
760 Nm (1,300-2,000 вртежи во минута) |
Преземања |
---|
Листа со информации за PACCAR PX-5 |
PACCAR PX-7 мотор
Исто како и серијата MX, PACCAR PX моторите се ново развиен производ. 6,7 литарскиот шест-цилиндричен PACCAR PX-7 е врвот на оваа линија. Во четири верзии со излезна моќност од 164 kW/220 КС до 231 kW/310 КС. Овој моќен мотор е совршено прилагоден за новата LF серија за примена во дистрибуцијата. PX-7 е моќен и ефикасен, мазен и чист. И пријателски за одржување.
Камионот за дистрибуција мора да ја заврши работата без проблеми. Ова е причината зошто максималното распоредување е основа на веродостојноста на дизајнот на PX-7. Ниското одржување придонесува за поврат на вашите на средства. Со сервисни интервали до 60.000 km и филтер за честички, кои само треба да се исчисти по 320.000 km. PX-7 е исто така опремен со еден мулти-ремен, а различните функции и компоненти се групирани во еден модул. За ниски трошоци за одржување.
Тип на мотор | Перформанси | Вртежен момент |
---|---|---|
PX-7 164 | 164 kW/220 КС (1,800 – 2,300 вртежи во минута) |
850 Nm (1,100 – 1,800 вртежи во минута) |
PX-7 186 | 186 kW/250 КС (1,800 – 2,300 вртежи во минута) |
950 Nm (1,100 – 1,800 вртежи во минута) |
PX-7 208 | 208 kW/280 КС (2,000 – 2,300 вртежи во минута) |
1.020 Nm (1,200 – 2,000 вртежи во минута) |
PX-7 231 | 231 kW/310 КС (2,000 – 2,300 вртежи во минута) |
1.100 Nm (1,200 – 2,000 вртежи во минута) |
Преземања |
---|
Листа со информации за PACCAR PX-7 |
EAS (Exhaust gas After treatment System – Систем за третман на издувни гасови) за Euro 6
За да се исполнат строгите барања на Eurо 6 за емисијата на издувни гасови, а и да се обезбеди највисока ефикасност на горивото, DAF ги комбинира своите напредни PACCAR Euro 6 мотори со различни технологии за третман на издувните гасови: SCR каталитичкиот конвертор и филтерот за честички на дизел гориво. Ултра-модерниот common rail систем за вбризгување на горивото дозволува високи притисоци и дава можност за пред и пост-вбризгување, или може да се примени комбинација на двете. Ова создава поубава атомизација на горивото и многу повеќе можности за да се оптимизира согорувањето. Резултатот е: што е можно пониски емисии и бучава и најдобра можна економичност на горивото. И бидејќи температурата на издувните гасови може да се контролира ефикасно, можно е да се оптимизира процесот на интеграција на моторот со системот за третман на издувните гасови.
Она што е важно, во прилог на точниот состав на издувните гасови, е да се постигне вистинската температура во филтерот за гареж. Основниот принцип е да се овозможи пасивна регенерација на филтерот за гареж овозможувајќи му на моторот создавање идеални услови за работа. Ова е причината зошто издувниот колектор е внесен во повеќето PACCAR Euro 6 мотори, како еден од најважните делови од издувниот систем. Ако и покрај ова, температурата на издувните гасови падне премногу ниско, поради специфичната примена на возилото, моторот ќе се префрли на активна регенерација.
SCR каталитичкиот конвертор, исто така, е дизајниран да одржи оптимална температура. Благодарение на неговото паметно обложување, истиот е во можност да постигне максимална ефикасност во еден поширок опсег на температури, што значи дека моторот може да функционира оптимално и на најефикасен начин.
Трансмисии
Новиот LF доаѓа стандардно со рачните менувачи со пет или шест брзини кои се опремени со кабелска смена на брзините за удобно ракување со ниски сили при менување на брзини и кратки движења при промена на брзините. Новата кабелска промена на брзините нема потреба за одржување и придонесува за уште пониска бучава.
Нов е девет брзинскиот мануелен менувач од ZF, кој е погоден за повисоки вртежни моменти до 1100 Nm и затоа идеално е применлив за употреба на потешки LF модели за транспорт, на пр. на контејнери и градежни материјали.
AS-Tronic автоматскиот менувач со шест степени на пренос не е задолжителен за DAF LF. За посебни апликации, ќе биде достапна целосно автоматската Алисон 3000 серија за употреба во, на пр. противпожарни камиони и колектори на ѓубре.
Широк избор на преносни соодноси
Завршниот дел на возната линија е формирана со единечно намалување на задната осовина и широк избор на преносни соодноси. Најлесната осовина, пет-тонската SR 5.10 доаѓа со преносен сооднос од 4,10:1, додека SR 5:14 нуди избор од седум преносни соодноси кои се движат од 3,31:1 до 6,33:1. 8, 10 и 11-тонските осовини нудат избор од седум различни стапки кои се движат од 3,31:1 до 6,33:1.
За дополнителна толеранција при утовар на 18/19 тонскиот LF, исто така е на располагање новата, стабилна SR13.39 задна осовина, особено интересна за земјите каде што е дозволена употребата на повеќе од 11,5 тони на погонската осовина. Новата 13-тонска осовина е на располагање со стапки од 3,73, 4,10, 4,56, 5,13 и 5,63.